Во рударските градови на истокот денеска нема врвулица од луѓе во црквите и на улиците.
Празникот Голема Богородица, која е и заштитничка на рударите поради коронакризата се слави скромно и по домовите, но и во самите рудници.
59-годишниот Панче Георгиевски кој лани заминал во пензија, 22 години бил вистински рудар во јамите на рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица.
Смета дека според стандардот платите, но и пензиите на рударите не се високи, како порано, а да се работи под земја нормално дека е тешко.
Вековна е традиција на рударење во овој крај, жителите сметаат дека рудникот дава живот и егизистенција на Македонска Каменица, оние кои не можеле да се вработат во него, си заминале во странство.
Просечната плата во рударскиот сектор е 600 евра, во рудниците Саса, Бучим, Злетово и Тораница работат 3.000 рудари, додека во неметали и преработка на рудата 13.000 работници.
Претседателот на Македонска Асоцијација за рударство, Николајчо Николов за Телма вели дека и покрај пандемијата, позитивно работат рудниците, додека останатите од секторот неметали зависат од градежниот сектор.
Во индустриското производство учествуваат со околу 10%, додека во БДП со 1 процент.
Рударите годинава своите награди и признанија ги добија во кругот на рудниците, без големи прослави за Денот на рударите.
Викторија Јованова