Релациите на Израел со Македонија се добри со многу можности за заедничка соработка на повеќе полиња. Вака нерезидентниот амбасадор на Изарел во Македонија, Дан Орјан, ги оценува релациите меѓу двете земји, изразувајќи надеж дека наскоро Израел ќе отвори своја амбасада во земјава. Освен за релациите со Македонија тој во интервјуто говори и ковид кризата, за мировниот договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.
Интервјуто со амбасадорот на Израел го водеше Тамара Грнчароска.
Амбасадоре Орјан, научниците од вашата земја работата на наоѓање на вакцина за Ковид-19. Како генерално Израел се справува со пандемијата со Ковид-19?
– Ние всушност сме во средината на вториот бран во Изрел. Несомнено се зголемува бројот на луѓе кои се заразуваат, но исто така и на оние кои оздравуваат. Имаме повеќе од 100.000 луѓе инфицирани и повеќе од 80.000 оздравени, а за жал и повеќе од 850 починати. На се тоа голема загриженост има и од аспект на економијата, половина милион луѓе се без работа, што никогаш не било случај во последните 20 години во Изрел.
Од друга страна две многу добри работи се случија. Пред се, се случува многу често во Изрел кога имаме кризи многу луѓе се обединуваат, многу компании и организации кои прават се што треба да и помогнат на земјата.
По 25 години воспоставени дипломатски односи меѓу Изрел и Северна Македонија, какви се релациите меѓу двете земји денес?
– Односите меѓу Израел и Македонија се многу добри, но ние секогаш сакаме повеќе. Во основа во Израел има многу почитување за Северна Македонија, на разбирањето за нашите потреби и за начинот на кој вие работите. Ние гледаме со многу почит на напорите кои ги направивте за влез во НАТО, а сега како членка на НАТО и да станете членка на ЕУ, работите кои ги жртвувавте за да ги постигете овие цели, како и интересот за партнерството со Изарел.
Во Израел на партнерството и проектите за наследство, во Битола и другите места, што го добиваме од македонска страна, гледаме како нешто што несомнено ја зацврстува уште повеќе специјалната поврзаност меѓу нас. И навистина се надевам дека откако ќе излеземе од короната, ќе имаме уште многу можности за партнерство.
Врз што во моментов е фокусирана меѓусебната соработка и какви резултати може да очекуваме?
– Во моментов фокус на нашето партнерство е треба да биде и е барањето на начини за борба против короната. Ако гледате специфично овие денови ние имаме голем заеднички проект со Фондот за иновации под името „Предизвик О2” во кој Израел помага и зема учество во барање на проекти, стартапи и други работи повразни со предизвикот околу животната средина. Се надевам дека некои многу добри работи ќе произлезат од тоа. Несомнено полето на иновации е темата на која имаме толку многу да им понудиме на партнерите. Исто така се надеваме дека ќе соработуваме и во земјоделието, не само во здравството и животната средина. И сега откако влеговте во НАТО се надеавме дека можеби ќе можеме да ја прошириме нашата соработка во сајбер областа и одбраната, две области во кои Израел прави многу.
Партнереството по две прашања, сеќавањето и наследството, се многу важни за нас. Ние им придаваме многу важност на овие прашања и веќе имаме многу на ова поле. Секако имаме партнерство и на многу специфични проекти, како партнерството кое го имаме со дневната болница во Битола. Но кога гледам на образованието гледаме и на идни проекти како оној што веќе го имаме со Министерството за образование и со „Акта Нон Верба“ локална партнерска организација. Ќе се обидеме да ја продолжиме и да ја раскажеме приказната за еврејското минато, на нови иновативни начини.
Вие сте нерезидентен амбасадор на Израел во земјава. Северна Македонија има своја амбасада во Тел Авив. Може ли да се очекува Израел да отвори своја амбасада во Скопје?
– Несомнено е дека со тек на времето ние ќе имаме своја амбасада во Скопје. Поради економски и други причини, тоа се уште не се случи. Но навистина се надевам дека ќе успееме, заедно со властите во Македонија, да ја убедиме израелската страна дека е веќе време.
Израел неодамна воспостави дипломатски односи со ОАЕ што e историски чекор. Колку тоа ги релаксира односите на Блискиот Исток и може ли да се очекува такво нешто и со некои други арапски нации?
– Несомнено е дека договорот со Обединетите Арапски Емирати е многу важен. Ние на тоа гледаме како на нешто многу специјално, дури е и тешко да се каже колку тоа само по себе е важно. Всушност тоа е третиот мировен договор кој Израел го има по оние со Египет и со Јордан. Тоа го гледаме како умерена оска во регионот, обединувачка сила. И едно од чуствата е дека ова ќе биде уште еден чекор кон старо-новата коалиција, но сега отворено, да се запре екстремниот радикален ислам. Несомнено е дека е тоа многу добар знак овој нов договор. Тоа е знак, и за умерените, но и се надевам и за нашите најблиски соседи Палестинците. Навистина посакуваме и тие да се приклучат кон овие напори и дека ќе имаме долг и постојан мир со нив. Кој и да дојде на масата, си оди со договор.