Македонија Најважни

Екс-пратеничка се жали на заплашување од членови на ВМРО-ДПМНЕ, за партијата ова е конструкција

Две ноќи по ред пред нејзиниот дом доаѓал човек кој гласно го извикувал нејзиното име, но ги споменал и имињата на нејзината ќерка и на уште еден сопартиец од општина Бутел, вели во изјава за Телма екс-пратеничката Весна Дамчевска Илиевска од иницијативниот одбор за вонреден конгрес во ВМРО ДПМНЕ.

Соседите подоцна  го препознале дека е човек кој неодамна излегол од затвор по 10 години поминати таму.

Кога го прашала зошто доаѓа и кој го праќа и одговорил: “знаеш ти кој те зборува тебе”

Дамчевска Илиевска вели дека ова заплашување се совпаднало со барањето за промени во раководството на ВМРО ДПМНЕ и свикување на вонреден конгрес, по што секојдневно се соочува со навреди и говор на омраза од сопартијци.

Зачудена е затоа што со дел од нив со години работела заедно на терен а сега пишувале дека работи против македонија и го потикнувале членството да ја навредува.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот и потврдуваат дека до сега две лица биле сослушани.

Еден од оние кои Илиевска и ги посочила на полицијата дека пишуваат вулгарни и понижувачки зборови против неа е и Дејан Киранџиски кој сам вчера објави на фб дека е повикан на разговор во полициска станица.

Киранџиски кој пишува дека е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1997 ги негира обвинувањата.

“Поранешната пратеничка од Бутел ЛАЖНО ме пријавила дека вчера со погрди зборови, пцовки и закани сум и се обратил а се поврзано со иницијативата за промени во раководството во ВМРО. П.С. Ве поздравија квалитетен тим на адвокати кои што ме посоветуваа дека во случајов има несоборливи докази да покренам кривична пријава за лажно пријавување и нанесување на мој и семеен срам”, вели Киранџиски.

Од Иницијативниот одбор велат дека се згрозени од примитивизмот и обидот да се заплаши поранешната пратеничка.

Бараат да сопре заплашувањето и притисоците и најавија дека ќе ги информираат меѓународните претставници во земјава.

“Молкот на пратеничките на ВМРО ДПМНЕ за насилството врз нивната поранешна колешка и молкот на Унијата на жени се доказ дека инцидентот не е случаен. Иницијативата очекува Претседателот Христијан Мицкоски да престане да се крие и бара тој да го осуди инцидентот и насилниците што го нарушуваа редот пред домот на семејството на пратеничката” – пишува иницијативниот одбор.

Инцидентот го нарекоа конструкција и не одговорија на барањата да го осудат настанот

“Би бил многу краток и јасен. Монтажа и конструкција којашто е дел од ново промовираната коалиција помеѓу иницијаторите и Зоран Заев и не би имал што да коментирам повеќе. Повторно потенцирам монтажа и конструкција. Институциите да истражат, доколку не би биле под капата на Зоран Заев, да истражат што точно се случило, тврди портпаролот Арсовски.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе