Мирисот на изгорено се уште е присутен иако поминаа повеќе од дванаесет часа откако гореа камионите на овој плац во Бутел. Три камиони се буквално стопени и четири приколки биле проголтани од огнот. Што се случило и која е причината за огнот – се уште нема одговори од полицијата. Тие и денес вршеа увид на местото, а ние кога пристигнавме веќе не беа таму. Го сретнавме сопственикот на камионите, кој не сакаше да даде изјава откако цела вечер ја поминал буден.
Пожарникарите повеќе од три часа се бореле со огнот. На терен биле со осум возила.
Ова е уште еден од низата слични случаи во главниот град. Билтените на МВР зачестено информираат за запалени возила, а пожарникарите гаснеа дури и на најфреквентните булевари и улици низ Скопје. Офиццијално, дали се водат истраги и дали е октриено кој стои зад палењето, нема информации од надлежните.
Петар Догов