Вести Македонија Најважни

Пендаровски од новата Влада очекува целосно спроведување на ЕУ агендата

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше и се обрати на Вебинар на тема „Геополитичките проблеми на Западен Балкан среде Корона криза, Евроатлантска перспектива“ организиран од Алумни асоцијацијата Маршал Центар на Република Северна Македонија, во партнерство со Маршал Центарот од Гармиш и Секторот за јавна дипломатија на НАТО.

Пендаровски, како што е наведено во соопштението од неговиот Кабинет, истакнал  дека пандемијата од Ковид-19 фундаментално го промени целиот свет и предизвика огромен негативен ефект. Го посочил и притисокот врз нашиот здравствен систем, за кој додал „дека беше исто така огромен, но за среќа ние не допревме до горните граници на неговите капацитети и успеавме да избегнеме колапс на националниот систем“.

Претседателот се осврнал на дезинформациите и хибридните кампањи поврзани со Ковид-19 и нивното искористување и злоупотреба. Во „океанот од лоши вести“, потсетил претседателот Пендаровски, добра вест беше што станавме членка на НАТО во март, што без сомнение е клучен стратешки чекор напред што го направи Северна Македонија во целата своја пост-комунистичка историја.

-Тоа ни овозможи да ги искористиме механизмите за координација на НАТО и официјалните билатерални врски со другите земји-членки, со цел подобро да се подготвиме за кампањата на дезинформации која беше засилена кога влегувавме во предизборниот период, истакнал претседателот.

Говорејќи за предизвиците со кои се соочува регионот, како и ЕУ во услови на Корона-кризата порачал дека регионот има потреба да има европска перспектива. Претседателот Пендаровски изразил очекување дека оваа есен ќе се постигне напредок во процесот на пристапување во ЕУ. Според најавите,  деновиве, треба да имаме нова Влада од која, додал претседателот, очекува целосно спроведување на ЕУ агендата во клучните области.

-Основниот предуслов за успех е да се соберат највештите личности, без оглед на нивната политичка или етничка припадност. Очекувам да видам луѓе со силни проевропски и демократски капацитети, со чисти антикорупциски записи, порачал претседателот Пендаровски.

Тој оценил дека недостатокот на ЕУ перспектива секогаш ги поттикнува алтернативните политички агенди и дека за време на пандемијата видовме многу вакви примери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе