Спорт Фудбал

Севилја атакува на шестиот трофеј

Вечерва од 21 часот на стадионот во Келн, Севилја и Интер ќе се борат за трофејот во Лига Европа. Двата тима преку националните шампионати обезбедија пласман во елитното натпреварување за следната сезона, но имаат огромен предизвик да ја збогатат колекцијата со уште еден пехар.

По пауза од четири години Севилја повторно има шанса по шести пат во клупската историја да го освои трофејот во Лига Европа.

Тимот од Андалузија кој веќе е прогласен за специјалист за пехари во второто по ранг натпреварување до овој момент пет пати се радувала на трофејот забележувајќи неверојатен рекорд од пет победи во финалните мечеви.

Севилја во периодот од 2014 до 2016 година три пати по ред триумфираше во финалето и тоа е единствената екипа која успеала да стигне до овој подвиг.

Тренерот Јулен Лопетеги се очекува да смета на сите фудбалери кои ги има на располагање, а според последните информации неизвесен е само настапот на Лукас Окампос, кој има проблеми со коленото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе