Спорт Фудбал

Интер по триумф во ЛЕ за спас на сезоната

Вечерва од 21 часот на стадионот во Келн, Севилја и Интер ќе се борат за трофејот во Лига Европа. Двата тима преку националните шампионати обезбедија пласман во елитното натпреварување за следната сезона, но имаат огромен предизвик да ја збогатат колекцијата со уште еден пехар.

Настапот во вечерашното финале за Интер е идеална можност да се спаси сезоната и да се освои барем еден трофеј. Клубот на почетокот од сезоната имаше големи амбиции, но откако не успеа во домашните натпреварувања како утеха остана пехарот во Лига Европа. Интер заедно со Севилја се меѓу најуспешните во ова натпреваување.

Ако Шпанците се убедливо први на вечната листа, Интер со три трофеи го дели второто место со Ливерпул, Јувентус и Атлетико Мадрид. Последен пат тимот од Џузепе Меаца триумфирал во тогашниот Куп на УЕФА пред точно 22 години, а последниот европски пехар беше освоен пред точно една деценија кога славеше во Лигата на шампионите.

Идентично како и неговиот колега на спротивната страна, Антонио Конте на располагање ги има сите играчи со кои допатува во Лисабон, а недостасува само Матијас Весино , кој веќе подолг период е надвор од екипата поради операцијата на коленото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе