Македонија

Започна закажувањето прегледи преку Мој термин

Болничкиот систем од септември се враќа во нормала, а веќе е во тек е закажувањето прегледи и интервенции преку системот Мој термин.

Иако пред нас е вообичаената сезона на респираторни заболувања, министерот Филипче уверува дека болниците се подготвени и состојбата со Ковид-19 во земјава е стабилна.

Монтажната болница која што е во склоп на Клиничкиот центар во моментов е целосно празна, но и целосно подготвена со централен довод на кислород за да прими пациенти.

Уште еден монтажен објект е поставен веднаш до Клиниката за пулмологија и алергологија и на истиот начин се поставуваат и 16 други инфективни одделенија – во Гевгелија, Куманово, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола и Ресен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Неселективна правда бараат родителите на починатите деца во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе