Триумфот на Интер од 5:0 влегува во историјата на Лига Европа и претходно Купот на УЕФА како победа најголема гол разлика во полуфиналето од двете натпреварувања. До овој момент најубедливи победи се забележани на мечевите Порто – Вилјареал, Алавес – Кајзерслаутерн, Реал Мадрид – Интер, Хамбургер – Раднички Ниш и Алјнтрахт Франкфурт – Баерн во кој победниците славеле со 5:1.
Ромелу Лукаку на дуелот против Шахтар постигна два погодоци и ја продолжи низата од 10 последователни натпревари во кои Белгиецот успеа да се запише во листата на стрелците. Лукаку на последните 10 дуели во Лига Европа бил вклучен при постигнување на 18 гола притоа забележувајќи 14 погодоци и четири асистенции. Воедно Лукаку може да го израмни или надмине рекордот на Роналдо по бројот на погодоци во дебитантската сезона во дресот на Интер. Белгиецот во моментов 33 пати ја погодил мрежата на противникот и зад легендарниот Бразилец заостанува еден гол.
Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку по пауза од 15 години е првата напаѓачка двојка на Интер по Адријано и Обафеми Мартинс кои во една сезона постигнале повеќе од 20 погодоци. Аргентинецот до овој момент дваесет пати се запишал во листата додека репрезентативецот на Белгија постигнал 31 гол.