Иако се уште нема официјална потврда завршниот турнир во кошаркарската Евролига за следната сезона ќе се одржи во Келн, град кој беше предвиден да го организира фајнал фор турнирот во мај годинава, но поради прекинот на сезоната тој е откажан.
Според најавите новото издание на елитното европско кошаркарско натпреварување треба да стартува во октомври и ќе партиципираат 18 тима, но се уште не е јасно како ќе се организира лигата со оглед на фактот дека епидемиолошката ситуација во Европа повторно станува сериозна.