Економската криза поради пандемијата има огромно влијание врз фудбалот и спортот воопшто. Валенсија се наоѓа во тешка финансиска криза, но и во време на проблеми и тешко обезбедување на ликвидност.
Шесткратниот шампион на Шпанија, Валенсија се наоѓа во најтешка финансиска криза во 101 година од своето постоење. Клубот кој сезонава не успеа да се пласира во ниту едно европско натпреварување, а го имаше најскапиот тим во историјата се најде во ситуација да нема пари за плати на фудбалерите.
На вчерашниот состанок финансискиот директор Инма Ибањез на играчите им соопштил дека сметката е празна и од денеска клубот не е во состојба да исплаќа плати. Сопственикот на клубот Петер Лим изјави дека доколку клубот прогласи банкрот тоа нема да ја подобри ситуацијата и затоа ќе бара начин како да се излезе од кризата.
Првиот чекор веќе е направен со продажба на двајца фудбалери Феран Торес и Франсис Коклан за кои ќе се добие вкупно 40 милиони евра, а дозвола за трансфер ќе добијат уште неколку играчи се со цел да се врати ликвидноста на клубот.