Спорт Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Барселона му врачи шут-карта на Сетиен

Кике Сетиен вечерва и официјално доби отказ од таборот на Барселона. Вакво нешто и се очекуваше по очајната сезона во Ла Лига и Лигата на шампионите.

Каталонците под негово водство ја загубија предноста на табелата во шпанското првенство и титулата му ја предадоа на лутиот ривал Реал Мадрид, а последната „сламка“ беше дебаклот од 8-2 од Баерн Минхен во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Сетиен беше назначен за тренер на Барселона во јануари годинава на местото на Ернесто Валверде и на  25 натпревари, оствари скор од 16 победи, пет порази, четири ремија и не освои ниту еден трофеј.

Медиумите низ цела Европа веќе наголеми шпекулираат дека нов тренер на Барселона ќе биде Роналд Куман. Поранешниот фудбалер на Каталонците е актуелен селектор на Холандија, но синоќа бил забележан како пристигнува на аеродромот во Барселона. Постојат информации дека клубот преговара и со Маурисио Покетино, но и со порашениот фудбалер Чави, но Куман има најголеми шанси да биде нов тренер на тимот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе