Спорт Формула 1

Перез негативен на Ковид 19,мексиканецот ќе се врати во болидот на РП

Серхио Перез ќе се врати за кај Рејсинг Поинт  за  GP на Шпанија  што ќе се одржи овој викенд на патеката Каталуња крај Барселона, откако имаше негативен тест на Корона вирусот.30-годишниот возач освои бодови на првите три трки од сезоната,но   ги пропушти   двата Гран При викедни на Силверстон, откако минатиот месец се инфицираше  со Ковид-19 за време на посета на  неговата  мајка во Мексико. Тој е првиот возач во Ф1 кој имал позитивен тест на Корона вирусот.Германецот Нико Хулкенберг  беше неговата замена кај Рејсинг Поинт.После пет трки,Луис Хамилтон од Мерцедес е лидер во првенството со 30 бодови повеќе од пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе