Избори 2020 Македонија Најважни

Мицкоски: Од денеска ги замрзнуваме односите со кабинетот на Пендаровски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со шефот на државата Стево Пендаровски во вила Водно, која ја побара откако претседателот му го довери денеска мандатот за состав на влада на Зоран Заев, изјави дека од денеска ги замрзнуваат односите со неговиот кабинет.

ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со г. Стево Пендаровски, и ќе ги преиспита практично политиките што ќе ги води во однос на кабинетот на Стево Пендаровски. За жал, како напати во минатото така и овој пат се приватизирани институциите, заробени за личен и партиски интерес, а на сметка на интересите на граѓаните. Денеска пратеникот Зоран Заев го доби мандартот откако го уверил претседателот Стево Пендаровски дека ќе работи на парламентарно мнозинство, изјави Мицкоски по средбата, на која беше придружуван од пратеничката Гордана Сиљановска.

Одговарајќи на новинарско прашање тој изјави дека ова е направено со цел купување време.

Повтори дека нови парламентарни избори се можни, но, вели, се уште не се исцрпени сите опции за фомирање влада.

Имаат забелешка, рече, зошто се брза да се додели мандатот на пратеник кој што уверил дека ќе работи на созадавање парламентарно мнозинство.

Деновиве, најави Мицкоски, ќе информираат за сите потези кои ќе ги преземат како колаиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синдикатот на култура на протести пред Министерството откако останаа без плати за Велигден

Дејан Дејан

Телото на папата Франциск изложено во отворен ковчег во капелата Света Марија во Ватикан

Дејан Дејан

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе