Избори 2020 Македонија Најважни

Заев: Очекувам за 20 дена Северна Македонија да добие ефикасна влада

Стабилна влада која ќе се грижи подденакво за сите граѓани, ова го вети лидерот на колаицијата „Можеме“, Зоран Заев на денешното преземање на мандатот за формирање влада од претседателот Пендаровски.

Тој вети дека ќе формира влада со квалитетни, отчетни и одговорни кадри, која уште повеќе ќе се грижи за граѓаните.

„Продолжување на патот на економијата и правдата. После членството во НАТО новата влада ќе не води кон членство во ЕУ“, истакна Заев.

19 години по потпишувањето на Охридскиот договор тој им честита на граѓаните и му оддаде почит посебно на починатиот претседател Трајковски за големината на овој договор.

Заев очекувам за 20 дена Северна Македонија да добие ефикасна влада која веднаш ќе се посвети на предизвиците кои ги носи пандемијата Ковид 19.

Тој на новинарско прашање потврди дека денеска ќе имам средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети со кого имаме успех околу преговорите за некои прашања, но потребно за други понатаму да се разговара.

Претседателот Пендаровски пред да го довери мандатот се обрати кусо.

-Врз основа на член 84, согласно член 90 од Уставот и предлогот на коалицијата „Можеме“, за мандатар за состав на влада го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието, рече Пендаровски.

Според член 90 од Уставот, по добивањето на мандатот, мандатарот во рок од 20 дена на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прва смена меѓу кадрите на претседателот – Силјановска го разреши Муслиу, директорот на Разузнавање тврди дека тргнала партиски, а не законски

Дејан Дејан

Секаде каде што мора, ќе го почитуваме уставното име, но никој не може да ви забрани да ја нарекувате државата како што сте учеле – Димитриевски во „Топ тема“

Дејан Дејан

Ме разреши без да се сретнеме на брифинг, попушти пред партиски притисоци наместо да работи по законска оправданост и мерит систем како што говореше, сментиот директор на Разузнавање за потегот на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе