Кошарка Спорт

Милвоки ја прекина серијата порази

По два последователни Милвоки успеа да го совлада Вашингтон и да се зацврсти на првото место на Истокот. Портланд славеше во дуелот против Далас и повторно има минимална предност во однос на Феникс во трката за пласман во разигрувањето за шампионската титула.

Милвоки триумфираше над Вашингтон со 126:113. Брук Лопез имаше учинок од 24 поени и три скока, Стерлинг Браун додаде 23, а Френк Мејсон беше стрелец на 19 поени.

Во поразениот тим Ричи Халимура забележа 20 поени и пет освоени топки под обрачите додека Иш Смит мечот го заврши со 19 поени и пет асистенции.

Портланд го совлада Далас со 134:131. Демијан Лилард забележа 61 поен и осум додавања, Кармело Ентони мечот го заврши со 26 поени и осум скока додека во составот на Далас, Кристапс Порзингис имаше 36 поени и шест освоени топпки додека Лука Дончиќ имаше учинок од 25 поени и 10 асистенции.

Во останатите натпревари Сакраменто – Њу Орлеанс 112:106, Бостон – Мемфис 122:107, Феникс – Филаделфија 130:117 и Хјустон – Сан Антонио 105:123.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе