Избори 2020 Македонија Најважни

Утре Пендаровски ќе му даде мандат на Заев

13-ти август точно на пладне: Зоран Заев станува мандатар, а ДУИ ја одбележува годишнината од Охридскиот договор.

Претседателот Пендаровски попладнево го прекинува одморот. Ја напушта Вила Билјана и доаѓа во Вила Водно за да ја исполни уставната обврска и да му го довери мандатот на претседателот на СДСМ, соопшти неговиот кабинет.

-Заев, во име на Коалицијата „Можеме“, којашто има освоено најголем број пратенички мандати, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на Влада, соопштија од Кабинет на Претседателот на РСМ.

Доверувањето на мандатот ќе се случи ден пред истекувањето на 10-дневниот рок, ако се смета од 4-ти август. За да ги расчисти правните дилеми, од кабинетот велат дека „претседателот се консултирал со еминентни правни имиња, со кои е донесен заклучок дека за да се смета Собранието за конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор“. Во прилог на овој став е политичката пракса: во 2006-та и во 2016-та, тогашните претседавачи Стојан Андов и Трајко Вељаноски, го известиле шефот на државата дека Собранието е конституирано иако немало избран претседател. Сегашниот претседавач, поранешниот спикер Талат Џафери тврди дека тоа е неуставно и дека конституирањето завршува со изборот на прв човек во Парламентот.

Од СДСМ нема потврда дали е обезбедено неопходното мнозинство од 61 пратеник, ниту до каде се преговорите со ДУИ или со другите партии. Разговорите меѓу Заев и Ахмети влегоа во криза по барањето Насер Зибери да ја предводи Владата барем една година, а потоа да му ја препушти на Заев, како и по инсистирањето кадрите на ДУИ да имаат поголем удел во владеењето.

Утре ДУИ ќе има и друга грижа – дали 19-годишнината од Охридскиот договор ќе ја одбележи еднопартиски. Билал Касами ја одби поканата, а Зиадин Села и Африм Гаши одговорија дека утре не доаѓаат, но би дошле на средба доколку се одржи во друг термин – по 17-ти август.

-Би било убаво поканата да има друг предлог за дневен ред, за да можеме да имаме појасна причина за организирање на средбата на парламентарните партии на албанците, велат од Алијанса и Алтернатива.

 „ДУИ останува достапна и отворена за натамошни средби за кои можеме да се договориме утре“, им порача ДУИ. Преку соопштение до медиумите, им се заблагодари на сите партии на албанците за, како што велат, „коректната комуникација, потврдниот одговор и добронамерните предлози.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прва смена меѓу кадрите на претседателот – Силјановска го разреши Муслиу, директорот на Разузнавање тврди дека тргнала партиски, а не законски

Дејан Дејан

Секаде каде што мора, ќе го почитуваме уставното име, но никој не може да ви забрани да ја нарекувате државата како што сте учеле – Димитриевски во „Топ тема“

Дејан Дејан

Ме разреши без да се сретнеме на брифинг, попушти пред партиски притисоци наместо да работи по законска оправданост и мерит систем како што говореше, сментиот директор на Разузнавање за потегот на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе