Со триумфот над Вулверхемптон, Севилја ја продолжи серијата од 19 натпревари без пораз во сите конкуренции што е најдобро постигнување во клупската историја уште од 1930 година. Последниот неуспех Севилја го бележи во февруари и од момент има низа од десет победи и девет нерешени резултати.
Нереализираниот удар од 11 метри на Раул Хименез беше еден од клучните моменти на дуелот против Севилја, а најзначајниот пенал за Вулверхемптон во текот на оваа сезона беше првиот кој фудбалерот на англискиот тим не успеа да го претвори во погодок откако претходно имаше низа од осум гола од белата точка.
Од друга страна голманот на Севилја, Мароканецот, Јасин Бону е првиот чувар на мрежата на шпанскиот тим кој успеал да одбрани удар од 11 метри во Лига Европа од 2006 година.
Напаѓачот на Шахтар, Таисон на дуелот со Базел се запиша во листата на стрелците и постави нов рекорд во Лига Европа и тој е првиот фудбалер што постигнал погодоци во седум изданија на второто по ранг натпреварување.
Тој го надмина постигнувањето на Александар Лаказет, Ари и Џермејн Ленс кои биле стрелци во шест последователни сезони во Лига Европа.