Спорт Фудбал

ПСЖ атакува на трофејот во ЛШ

По три последователни неуспеси во првото елиминациско коло во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен има можност по петти пат да се пласира во полуфиналето на шампионската лига.

Во последниве три сезони Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед беа непремостливи пречки за клубот од француската престолнина, кој откако е преземе од богатите катарски сопственици постојано се вбројува меѓу фаворитите за трофејот, но никако не успева да се искачи на тронот и се очекува дека токму турнирот во Лисабон е идеална можност пехарот конечно да пристигне во Париз.

Најголем проблем за Пари Сен Жермен е фактот што екипата на Томас Тухел од првата половина на март кога беше прекината сезоната во Франција има одиграно само два меча од натпреварувачки карактер кога на почетокот од месецов триумфираше во националниот и лига куп.

Дополнителни главоболки на германскиот тренер му задава и фактот дека за вечерашниот дуел неизвесен е настапот на повредениот Килијан Мбапе иако лекарскиот тим даде дозвола да игра, а на располагање ќе ги нема Марко Верати, Анхел Ди Марија, Лавин Курзава, а екипата ја напушти Единсон Кавани.

Инаку Пари Сен Жермен на европско полуфинале чека точно 24 години откако во 1996 го освои трофејот во Купот на УЕФА, а претходно има три настапи во полуфиналето и тоа по еден во Лигата на шампионите и Купот на победниците на куповите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе