Избори 2020 Македонија

И ВМРО ДПМНЕ и СДСМ водат разговори за нова влада

Разговори за нова Влада има, но договор за ново мнозинство – нема постигнато ниту СДСМ ниту ВМРО ДПМНЕ. Од опозициската партија велат дека разговараат со сите, но истовремено – го чекаат епилогот од преговорите што ги водат СДСМ и ДУИ. Минатата недела, Али Ахмети лично го известил Христијан Мицкоски дека почнува дијалог со Зоран Заев, сметајќи го за победник на изборите. Според опозицискиот лидер – тоа не е точно, но, им посакал среќа.

СДСМ информираше дека ги продолжува сериозните разговори за стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со четиригодишен мандат. Велат дека е во тек процес на создавање влада ослободена од било каков вид на национализам. Што ги забавува разговорите со ДУИ не соопштуваат. Ниту лидерите Заев и Ахмети по вчерашната двочасовна средба не потврдија дали најспорно прашање е премиерската функција и дали се водат преговори таа да ротира меѓу двете партии.

Ахмети и Заев најавија дека разговорите ќе продолжат, веројатно не на лидерско ниво. До крајот на работната недела се очекува шефот на државата да и го додели мандатот за состав на Влада на Коалицијата Можеме, бидејќи истекува 10-дневниот уставен рок од конституирањето на Собранието, по што, мандатарот би имал 20 дена да состави Влада. Пролонгирање на овој рок може да има доколку надвладее мислењето на екс спикерот Талат Џафери, за кого,  конститутирање на Собрание подразбира не само верификација на пратеничките мандати, туку и избор на претседател.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синдикатот на култура на протести пред Министерството откако останаа без плати за Велигден

Дејан Дејан

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

Дејан Дејан

Синдикатот на културни работници денеска излегува на протест

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе