Поместувањата во календарот поради епидемијата со Ковид 19 може биде клучна за составот на кошаркарската репрезентација на САД на Олимписките игри што ќе се одржат следната година во Токио.
Според најавите новата сезона во НБА би требала да почне на 1 декември и се очекува да заврши кон средината на јули и тоа само неколку дена пред стартот на Игрите.
Токму поради тоа постои реална можност ниту еден од кошаркарите по напорната сезона да не прифати да настапи за националниот тим и Американците во Токио да настапат со екипа што нема да биде во конкуренција за највисок пласман.