Македонија

Чаир со нов тендер ќе се обиде да најде уривач на дивоградбите – претходниот оглас пропадна

Општина Чаир од денес повторно ќе чека барем една фирма да се пријави на конкурс за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“.

Еден тендер е неуспешен, а веќе се распишува и нов. Комисијата за јавни набавки на Општината вчера немаше воопшто работа бидејќи требаше да се отворат понудите од потенцијалните уривачи, но во системот не наидоа на ниту една таква.

Нула фирми се пријавиле да ја уриваат дивоградбата, иако претходно Општината оцени дека никакви посебни услови не се бараа во сега веќе неуспешниот тендер. Главен критериум беше цената.

„Крајниот рок за поднесување на понуди за новата јавна набавка е за седум дена. Очекуваме да бидат поднесени понуди. Доколку ни тогаш не се поднесат, ќе се постапи согласно одредбите на Законот за јавни набавки“ велат од Општина Чаир.

Доколку Општина Чаир не ги спроведе законските обврски, идната Влада може да им ја одземе ингеренцијата и обврската за уривање да ја предаде на Државниот градежен инспекторат.

Сега местото треба да се врати во првобитната состојба бидејќи не постои начин да се легализира тоа што се гради – информираа уште претходно од општинските служби.

Инвеститорот веќе половина лето останува непознат за институциите. Предистражната постапка е во тек и се уште се разгледуваат информациите од Катастарот, за сопствеништвото на парцелите кај трговскиот центар „Мавровка“.

Во меѓувреме, мајсторите не прават врева на градилиштето уште откога Чаир започна преку весник да го повикува инвеститорот да се пријави сам – кој е и што гради на парцелата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ќе предложи нови кадри за позициите на Алијанса

Дејан Дејан

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе