Kлубот од Кипар потврди дека е постигнат договор со нашиот интернационалец Иван Тричковски.
АЕК Ларнака објави:
Нашиот лидер Иван Тричковски се одлучи да го продолжи договорот со клубот на уште две сезони“.Капитенот е целосно свесен за новите финансиски услови .Му благодариме за разбирањето и му посакуваме успех.
Македонскиот репрезентивец дојде во АЕК Ларнака пред четири и пол години.Офанзивецот забележа вкупно 163 настапи ,110 во лигата, 19 во Купот, 1 во Супер Купот и 33 во Европа.Тричковски е првиот стрелец во историјата на АЕК со 67 голови во лигата, 10 во Купот и 20 во Европа , што го прави и најдобар стрелец на кипарските екипи на европските натпреварувања,стои во објавата на АЕК.Поранешниот фудбалер на Вардар играше во кариерата и за Работнички,Црвена Звезда,Бриж,Беверен ,Ал Наср и Легија Варшава.Иван Тричковски има 56 настапи за Македонија на кои постигна 5 гола.