Спорт Фудбал

Тричковски го продолжи престојот кај АЕК до 2022

Kлубот од Кипар   потврди дека е постигнат договор со нашиот интернационалец Иван Тричковски.

АЕК  Ларнака објави:

Нашиот лидер Иван Тричковски се одлучи да го продолжи договорот со клубот на уште две сезони“.Капитенот е целосно свесен за новите финансиски услови .Му благодариме за разбирањето и му посакуваме успех.

Македонскиот репрезентивец дојде во АЕК Ларнака пред четири и пол години.Офанзивецот забележа вкупно 163 настапи ,110 во лигата, 19 во Купот, 1 во Супер Купот и 33 во Европа.Тричковски е првиот стрелец во историјата на АЕК  со 67 голови во лигата, 10 во Купот и 20 во Европа , што го прави и најдобар стрелец на кипарските екипи на европските натпреварувања,стои во објавата на АЕК.Поранешниот фудбалер на Вардар играше  во кариерата и за Работнички,Црвена Звезда,Бриж,Беверен ,Ал Наср и Легија Варшава.Иван Тричковски има 56 настапи за Македонија на кои постигна 5 гола.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе