Точно на пладне во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со жрепка беа одредени двојките за новата сезона во домашното првенство.
На стартот на програмата е дербито меѓу двата наши претставника во Лига Европа, Шкупи и Шкендија, а ќе се одигра дуелот на градските ривали Македонија ЃП и Работнички.
Шампионот Вардар во првото коло е домаќин на Борец, Беласица го пречекува Силекс додека Пелистер ќе се соочи во Академија Пандев. Во последниот натпревар од првото коло Струга Трим Лум ќе и гостува на Ренова.
Новиот шампионат почнува на деветти следниот месец, а првите натпревари ќе се играат со почеток од 17 часот и 30 минути.
Распоред на натпревари за сезона 2020/2021