Спорт Фудбал

Признанија за Де Брајне и Едерсон

Манчестер Сити сезонава не успеа да ја одбрани шампионската титула, но двајца фудбалери на вицепрвакот во Премиер лигата освоија две индивидуални награди.

Со 20 асистенции, Кевин Де Брајне е најдобриот додавач во првенството, а воедно го израмни и рекордот на Тјери Анри кој до овој момент беше прв на вечната листа. Де Брајне сезонава учествувал во 33 од 102 погодоци на својата екипа бидејќи на 38 натпревари успеа 13 пати да се запише во листата на стрелците.

На репрезентативецот на Белгија му недостасуваа три асистенции или погодоци да го израмни рекордот на Френк Лампард од 2010 година кога комбинирано учествувал во 36 гола на Челзи.

Признанието за најдобар голман му припадна на тимскиот колега Едерсон, кој во текот на првенството има 16 натпревари без примен гол и за еден го надмина колегата од Барнли, Ник Поуп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе