Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бертомеу соопшти дека поради корона кризата клубот има негативно салдо од 200 милиони евра и дека тоа ќе биде причината за намалената активност во текот на летниот преоден рок.
Тој истакна дека од март клубот нема приход од ниту едно евро, а загубата можеше да биде поголема доколку владата со своите интервенции не покри 70 проценти од платите на вработените.
По оваа изјава на Бертомеу, шпанските медиуми пишуваат дека трансфер активностите за ова лето ќе се покријат со продажба на играчи, а неофицијално дозвола за заминување имаат 12 фудбалери.