Вести Свет

Каталонија ги затвори сите дискотеки и ноќни клубови

Властите во шпанската провинција Каталонија наредија затворање на сите дискотеки и ноќни клубови, во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.

Мерките, кои стапуваат во сила денеска и ќе важат две недели, се воведени откако во Каталонија во последните 14 дена беа регистрирани околу 8000 нови случаи, додека во истиот период се регистрирани нешто повеќе од 16.000 новозаразени во цела Шпанија.

Претходно донесените мерки, кои, меѓу другото, вклучуваа и забрана за собирање на повеќе од 10 лица на јавно место, ќе важат уште една недела, по што локалните власти ќе проценат дали ќе ги продолжат.

Епидемијата во Шпанија се забави во јуни, по што беше укината вонредната состојба, но оттогаш вирусот повторно се прошири во 280 жаришта, при што Каталонија бележи најголем број нови случаи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиромаштијата расте, социјалната помош стагнира

Дејан Дејан

Власта до СДСМ: Немате легитимитет да повикувате на нацинален консензус

Дејан Дејан

Киев: Одложувањето на американската помош ќе ја охрабри Русија да продолжи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе