Ковид19 Македонија Најважни

По кампањата и изборите – Македонија бележи рекордни 241 нови случаи корона вирус и 8 починати

Рекордно висок број новозаразени од коронавирусот во Македонија. По крајот на изборниот процес, големиот број митинзи и средби со граѓаните,  министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се потврдени 241 нов случај на Ковид 19.

Најмногу нови инфекции има во Скопје, 73, потоа Штип – 60, Тетово – 32, Гостивар 14 и Куманово 10. 8 нови случаи има во Кочани, 6 во Гевгелија , по 5 во Прилеп и Свети Николе и 4 болни во Струмица. 3 нови потврдени случаи има и во Битола, Радовиш, Крива Паланка и Струга. Охрид, Кичево и Демир Хисар имаат по 2 нови случаи, додека по 1 нов случај се регистрирани во Дебар, Велес, Крушево, Пробиштип, Виница и Кратово. Исклучително висок е и процентот на позитивни резултати од направените 1700-тини тестови – 14,1%.

Министерството за здравство информира и дека има нови 8 жртви на корона вирусот.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале тројца пациенти на возраст од 59, 61 и 62 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се четворица  пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76 годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66.

Очекувано, со драстичниот пораст на нови случаи, се зголемува и бројот на хоспитализирани пациенти. На инфективна на болничко лекување, примени се 17 пациенти а вкупно се лекуваат 93 луѓе, од кои на кислородна поддршка се 44 пациенти.

Во градската општа болница “8-ми Септември” примени се 12 нови пациенти, а вкупно таму се лекуваат 87 луѓе, од кои 5 се на респираторна машина.

Во болницата во Козле, која функционира како Ковид центар, хоспитализирани се 15 возрасни пациенти и 7 деца позитивни на вирусот.

Во битолската болница, хоспитализирани се 35 луѓе, а во Штип 51 пациент.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026,  бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а исклучително висока е и бројката на активни случаи, која изнесува 3885

Најголем дел од нив се во Скопје – 1868, но големи бројки има и во Куманово – 236, Штип-272, Тетово -325 ,Гостивар 190, Свети Николе -169, Дебар – 111,Струга 170.

Министерството за здравство соопштува и дека денеска има 51 оздравено лице.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Објавен на ЕНЕР Предлог Закон за Судскиот совет – се чека мислење од Венецијанската комисија

Дејан Дејан

Земјотресот со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит- предупредување за можно цунами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе