Вести Македонија

Минимално водство на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ- Први резултати после 15% преброени избирачки места

Минимално водство на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ покажуваат првите неофицијални резултати објавени од ДИК кои ги пренесува репортерката на Телма Соња Николовска. Инаку веб сајтот на ДИК е паднат.

По преброени 546 избирачки места што претставува околу 15 % од избирачки места, коалицијата на СДСМ и Беса освоила 34,88% од преброените гласови, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 34,04%, ДУИ има освоено 12,06%, коалицијата на Алијанса и на Алтернатива има освоено 10,38%, Левица 3,31%, ДПА -2,03% и Интегра 1,15%.

Репортерката Николовска извести дека само на момент се појавиле овие резултати по што системот за објавување на гласовите се исклучил, со што и веб сајтот и платформата на која се објавуваат резултатите престанаа да работат.

Нема информации од кои општини и од кои изборни единици се резултатите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе