Состојбата во Свети Николе се подобрува по огромниот број на регистрирани случаи во последните неколку дена со што бројката се искачи на 110 активни случаи. Епидемиолозите се на терен а според министерот за здравство Венко Филипче кој денеска беше во градот, потеклото на заболените е од кластер во Штип. Најголем дел од новите случаи се вработени во текстилна конфекција која веќе е затворена а во моментов се спроведува анкета и тестирање на вработените.
Анализата на Комисијата за заразни болести покажала дека споредено со претходните три недели, бројките на новозаболени во државата малку се покачени но процентот на позитивни тестови и хоспитализирани пациенти останал ист а министерот Филипче соопшти не се очекува зголемен број на пациенти во болниците.
Во меѓувреме, течат подготовките за есенскиот бран на вирусот и за таа цел во 16 града каде веќе постојат општи болници и здравствени домови ќе се формираат регионални ковид-центри.
Станува број за дополнителни времени капацитети, монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на капацитети кои би можеле да се користат како привремени ковид-центри.
Во петокот се одржан состанок на министерот со градоначалниците а утре претставници на министерството и на Комисијата ќе имаат состанок со директорите на болниците на кој ќе се разговара за капацитетите и техничките потреби на овие центри.
Огнен Чанчаревиќ