Започна дистрибуцијата на доверливиот гласачки материјал од печатницате „Киро Дандаро“ во Битола за вонредните парламнетарни избори што ќе се одржат на 15 јули. Гласачките ливчиња, заедно со избирачките списоци, со полициско обезбедување се доставуваат до општинските изборни комисии. Од печатницата гарантираат висока безбедност на гласачките ливчиња. Паралелно се дистирбуира и недоверливиот материјал, а од ДИК уверуваат дека од здравствен аспек ќе има безбеден изборен процес. Ги повикаа граѓаните масовно да излезат на гласање и да не се плашат за своето здравје.
– Ние ги снабдивме сите избирачки одбори со 4 маски за секој член на избирачки одбор, согласно препораките на здравствените власти. Кај секој избрачки одбори има и резерва од 50 до 100 маски за оние граѓани кои од различни причини нема да носат маски. Исто така се снабдени со заштитни ракавици и дезинфекциони срдства, а се врши дезинфекција на сите избирчаки места, изјави Оливер Дерковски, претседател на ДИК.
Во понеделник први ќе гласаат лицата во самоизолација, а се пријавиле 747 во 52 општини. Дерковски вели дека се надминуваат проблмите со здравствените работници кои одбиваат да бидат дел избирачките одбори што ќе го спроведат гласањето на овие лица во домашни услови. Од 300 дури 130 медицински лица побарале изземање, а заменети се 50тин нови.
– Имаше мали проблми околу барањето за иземање на здрвствените работници и нивно откажување за учество во овој понеделнички ден за гласање, но овој процес се органзира и се надминуваат тие проблеми, сметам дека се ќе се одвива онака како што е предвидено со нашиот роковник и уредбата со законска сила, вели Дерковски.
На овие парламентарни избори во избирачкиот список со право на глас се запишани 1.814.263 граѓани, кои ќе гласаат на 3390 гласачки места, а на 90 нема да има гласање затоа што имаат помалку од 10 гласачи. Околу 150 избирачки места се преместени во поголеми простории за да може да се спроведат препораките на здравствените власти. Во вторник ќе гласаат и 9446 болните и изнемоштени лица.
Емилија Мисирлиевска