Вести Ковид19 Свет

Бројот на заболени од корона вирус во САД надмина три милиони

Бројот на заболени од корона вирусот во Америка надмина три милиони луѓе. Вчерашниот ден во Соединетите држави е рекорд по бројот на заболени – вкупно 60 илјади. Последните податоци доаѓаат од Тексакс и Калифорнија кои пријавија повеќе од десет илјади нови случаи. За епидемиолозите, Амрика се уште е длабоко во првиот бран од пандемијата.

Рекорден пораст на бројот на новозаразени во Токио – 224. Зголемувањето на бројот на заразени во последните две недели главно се должи на тоа што се тестираат повеќе лица, особено оние што работат во објекти за забава за ноќен живот, со што новите заболени се на  возраст од 20 до 40 години.

Во Индија во последните пет часа се регистрирани повеќе од 100.000 нови случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата.

Рекорден број на новозаразени има во Аргентина, 3.604 нови случаи, што ги натера властите во Буенос Аирес да ги вратат рестриктивните мерки.

Во Мелбурн денеска стапува на сила шестнеделниот карантин, а бројката на заболени и натаму се зголемува. Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 165 заболени, од кои 113 се од еден кластер од средно училиште. Австралискиот премиер го предупреди остатокот од земјата за недостиг од социјалната дистанца и непочитување на мерките.

 – Ве молам немојте да мислите дека другите држави или територии се имуни. И ако требаше да се презентираат некои проблеми во овие територии, најдобрата одбрана што ја имаме, од самиот почеток е дека сите граѓани и жители низ државата продолжуваат да ја практицираат соодветната социјална дистанца и другите мерки. Но, видовме слики во многу делови од земјата, каде мислам дека има недостатоци во однос на тоа. И многу е важно, бидејќи не сакаме ситуацијата од Викторија да се повтори во друг дел од земјата, изјави Скот Морисон, премиерот на Австралија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени три лица во пукање во шведскиот град Упсала

Дејан Дејан

Здравева: Дамките врз институциите се таложат една врз друга, постои генерална недоверба во институциите на системот

Дејан Дејан

Здравева: Бодувањето на членовите на ДКСК е како превртена пирамида, колку се повисоки на политичките партии, толку се пониски на граѓанското општество

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе