Вести Македонија

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште

Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст.

Во изјава за медиумите, Филипче истакна дека владината уредба се однесува на оние родители чии деца се до 10-годишна возраст, а кои одат на училиште.

Тоа значи дека на работа се враќаат само оние родители чии деца учат во основно училиште, но не и оние родители чии деца одат во градинка.

– Станува збор за родителите на децата од школска возраст заради тоа што сега секако школите не работат.  Останува на сила одлуката за родителите на децата кои одат во градинки кои сега не функционираат, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со претставници на здружението „Борка“.

Во уредбата на Владата донесена во вторникот се наведува – Владата на денешната 74-та седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности – родителите на деца до 10-годишна возраст, во овој период да се вратат на работните места само родителите на децата кои се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата, имајќи предвид дека учебната 2019/2020 година е завршена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здравева: Дамките врз институциите се таложат една врз друга, постои генерална недоверба во институциите на системот

Дејан Дејан

Здравева: Бодувањето на членовите на ДКСК е како превртена пирамида, колку се повисоки на политичките партии, толку се пониски на граѓанското општество

Дејан Дејан

Трпеноски: Претседателката на ДКСК да се повлече од функцијата додека трае истрагата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе