Синоќа гореше депонијата Русино – По неколку месеци чести потпалувања, овој пат состојбата ескалираше. Вчеравечер, Гостивар се задуши во чад и смрдеа. Алармот го кренаа и мерните станици за квалитет на воздухот кои покажаа енормни вредности на загадување.
Тешката миризба се чуствува дури и во Тетово. Граѓанската иницијатива „Стоп Русино-чист воздух за Гостивар“ најави блокирање на патот кој води до депонијата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.