Македонија

Денеска симулација за изборите според здравствените протоколи

Државната изборна комисија  на избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито“, денеска ќе спроведе симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки за заштита од корона вирусот. Во симулацијата, која се одржува во пресрет на предвремените парламентарни избори на 15 јули, ќе биде опфатен целиот избирачки процес во реални услови.

– Почнувајќи од доаѓањето на граѓаните на избирачкото место, чекањето, влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, сѐ што е по закон, со посебно напоменување на сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странските набљудувачи, најави Борис Кондарко, член на ДИК.

На настанот ќе присуствуваат мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, претставниции на Министерството за здравство, како и претставници на амбасадите. Поканети се и учесниците на изборите односно политичките партии и медиумите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здравева: Дамките врз институциите се таложат една врз друга, постои генерална недоверба во институциите на системот

Дејан Дејан

Здравева: Бодувањето на членовите на ДКСК е како превртена пирамида, колку се повисоки на политичките партии, толку се пониски на граѓанското општество

Дејан Дејан

Трпеноски: Претседателката на ДКСК да се повлече од функцијата додека трае истрагата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе