Ковид19 Македонија

Двајца анестезиолози ја напуштија „Осми септември“

Kовид-центарот за најтешките случаи на заболени од вирусот, ГОБ Осми септември,  остана без двајца анестезиолози. Едната од нив дошла да работи од приватна болница и сега сака да се врати назад, а другата долги години работела во „Осми септември“ и сега ќе го промени работното место. Во време кога бројките на заболени секојдневно растат и пациенти завршуваат на респиратор ковид-центарот – кадарот нема да биде проблем уверува министерот за здравство. На испразнетите места ќе дојдат двајца анестезиолози од КАРИЛ како замена.

Филипче порача дека нема потреба да се бара поддршка во смисла на кадар и од приватните болници, за да се засили капацитетот на вработените во „Осми септември“. Владата има донесено уредба за ротација на кадар и онаму каде што ќе биде потребно ќе се распределат вработени од други клиники.

Во овој момент, повеќе од сто пациенти се хоспитализирани во „Осми септември“ од кои петмина на респираторна машина.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агресивно се однесуваше кон полицајци и се качил на возилото, МВР за инцидентот кај железничка со пајакот и таксистот

Дејан Дејан

Бектеши останува во притвор, екс градоначалниците на Кочани во куќен притвор

Дејан Дејан

Државата наплаќа денар, на приватниот партнер му исплаќа два

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе