-Заради мерките за справувањето со последиците од КОВИД-19, преминот беше затворен на 14 март и сѐ уште не е отворен за сообраќај. Сепак, во овој краток период и во сложени услови за работење заради пандемијата, и полициската станица за гранични проверки и граничен надзор спречи обид за шверц на поголема количина ресивери, откри едно лице барано за издржување на затворска казна, спречи обид за нелегално минување на државната граница на шест лица државјани на Северна Македонија, од кои две лица се спроведени во државен карантин, и спречи обид за пренесување на 33 лица илегални мигранти, изјави Спасовски на ГП Белановце.
ГП Белановце-отворен, па затворен од короната, но фатени двајца кои од изолација бегале на Косово
Граничниот премин Белановце кон Косово беше отворен во јануари, а од 14-ти март веќе е затворен поради корона вирусот. Денеска го посетија премиерот Спасовски и дополнителната заменик-министерка Петровска кои објаснија дека преминот е дел од милионските инвестиции во општина Липково, придонел за намалување на прекуграничниот шверц со мигранти и побараа граѓаните со почитување на заштитнит емерки да им помогнат на полицајците кои се активни во борбата со короната.
Претседателот на владата Оливер Спасовски истакна дека полициските работници, како и здравствените, заедно со припадниците на армијата и другите во секторите справување со закани по безбедноста и здравјето на граѓаните се на првите борбени линии и се најизложени во борбата со коронавирусот и најдобриот начин да им помогнеме е со тоа што ќе ги почитуваме мерките и ќе спречиме бројот на заразени да расте, да обезбедиме функционални институции за да се стави крај на патот на ширење на вирусот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.