Kовид-центарот за најтешките случаи на заболени од вирусот, ГОБ Осми септември, остана без двајца анестезиолози. Едната од нив дошла да работи од приватна болница и сега сака да се врати назад, а другата долги години работела во „Осми септември“ и сега ќе го промени работното место. Во време кога бројките на заболени секојдневно растат и пациенти завршуваат на респиратор ковид-центарот – кадарот нема да биде проблем уверува министерот за здравство. На испразнетите места ќе дојдат двајца анестезиолози од КАРИЛ како замена.
Филипче порача дека нема потреба да се бара поддршка во смисла на кадар и од приватните болници, за да се засили капацитетот на вработените во „Осми септември“. Владата има донесено уредба за ротација на кадар и онаму каде што ќе биде потребно ќе се распределат вработени од други клиники.
Во овој момент, повеќе од сто пациенти се хоспитализирани во „Осми септември“ од кои петмина на респираторна машина.
Петар Догов