Ковид19 Македонија Најважни

Јуни црн месец и по број на нови случаи и по број на мртви од Ковид 19

Речиси и да нема ден без троцифрен број на новозаразени од корона вирусот во последниве 30 денови. Единствено на деветти и 22 јуни бројките биле 87 и 90 но биле направени и помалку тестирања од вообичаената пракса која надминува над 1 000 во еден ден. Најголем број на заразени имало на несреќната 13 во јуни и тоа 196 во еден ден. Ако се погледне кривата на новозаразени таа е во постојан пораст и тоа токму од почетокот на јуни кога и започнаа троцифрените бројки. По ова останува речиси константа и се израмни на просек кој се движи околу 150 случаи на ден.

Во истиот 30 дневен период земјава го имаше и пикот на мртви во еден ден кога беа починати вкупно 15 болни од ковид 19. Тоа се случи пред три денови кога црниот биланс ја шокираше земјава. Не помалку односно 12 беа регистириани на 29 јуни. Она што се почесто може да се види е дека меѓу починатите има и млади луѓе помеѓу 30 и 40 години или пак меѓу 40 и 50 години.

Во вчерашната статистика влезе случајот на 36 годишниот Штипјанец вработен во текстилна фабрика. Тој подолго време се лекуваше во болницата 8 ми септември и беше без никакви коморбидитети. Ресенчани пак се шокираа од загубата на нивниот 40 годишен сограѓанин кој исто така немаше пријавено никакви претходни заболувања. Во интервју за сдск мк Професорот д-р Димитар Ефремов, кој раководи со Одделот за молекуларна хематологија на Меѓународниот центар за генетски инженеринг и биотехнологија во Трст, Италија вели дека во последниве недели има студии зошто кај некои млади луѓе состојбата со болеста е тешка.

Во последните неколку недели се објавени неколку студии кои ја испитуваат асоцијацијата помеѓу одредени генетски варијанти и тежината на клиничката слика и покрај поврзаноста со крвната група А, и била утврдена и поврзаност со уште неколку генетски фактори, меѓу кои повеќето се инволвирани во регулацијата на цитотоксичните Т лимфоцити. Присуството на некои од тие генетски фактори, а особено комбинација на неколку такви генетски фактори, може да објасни зошто некои млади луѓе имаат тешка форма на болеста, Професор д-р Димитар Ефремов – Раководител на оддел за молекуларна хематологија на Меѓународен центар за генетски инженеринг и биотехнологија, Трст, Италија.

Инаку според податоците на институтот за јавно здравје кој има објавено извештај до 2 јуни морталитетот во земјава изнесува 15,8 проценти а и понатаму најголем е во Струга и струшко со 48 проценти, по што следуваат куманово тетово и скопје со 28 27 и 20 проценти смртност на болните од Ковид 19.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братот на градоначалникот Стефковски „отрчал“ во станица за да плати казна за пребрзо возење на Велигден, Тошковски најави кривични за началник кој наредил полицаец да пише казна на друг човек

Дејан Дејан

Османи: Оваа влада нема интерес да го продолжи процесот

Дејан Дејан

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе