Кражба тешка околу милион евра од куќа во скопско Нерези пријавил печалбар од Америка. Како што дознава Телма, парите ги вадел од банка во изминативе два месеци и ги чувал во црнии вреќи под кредветот во спалната.
Дел му биле од денационализација а дел од печалба. Но синоќа додека не бил дома во периодот меѓу 19 и 30 и 21 и 30 двајца разбојници се префрлиле преку оградата од семејната куќа и преку терасата влегле во спалната соба.
Тоа го видела комшивката која подоцна сведочела за настанот. Собата се наоѓала на вториот кат бидејќи долу живеел братот на печалбарот. Крадците со помош на алат ја отвориле ПВЦ вратата а полицијата се сомнева дека точно знаеле каде се наоѓаат парите. Земени се три кеси со 800.000 евра, 60.000 американски долари, 50.000 швајцарски франци и еден милион денари.