Македонија

Повеќе Косовци од српски државјани влегуваат во државата- над 11 илјади МКД државјани заминале преку Блаце и Табановце

Најмногу македонски државјани го користат преминот Табановце каде повеќе влегуваат отколку што излегуваат и одат во Србија.

На ГП Блаце е спротивно каде помалку има влез на македонски државјани, отколку што излегуваат и заминуваат во Косово.

СТАТИСТИКАТА Е ЗА ПЕРИОД 8:00, 02.07.2020- 12:00, 03.07.2020

ГП Блаце

Вкупно 11.805 (влез-излез)

МКД државјани 5.202

КОС државјани 5.329

Други странци 1.274

ГП Табановце

Вкупно 11.818 (влез-излез)

МКД државјани 5.939

СРБ државјани 3.538

Други странци 2.341

Во истиот период од вчера наутро до денес напладне (период од 28 часа) на Блаце влегле 1610 македонски државјани, додека за Косово заминале 3592 државјани на РСМ.

Преку Табановце пак влегле и се вратиле во државата 3.463 граѓани, додека кон Србија заминале 2.476 државјани на Македонија.

Податоците се добиени од МВР од Секторот за гранични работи.

Дневно во просек по над 10 илјади патници има на двата премини и за влез и за излез. Тоа е за 8 до 10 пати повеќе отколку во време на затворените граници кога само камионџии и специјални транспорти ја минуваа границата. Но бројката е за трипати помалку отколку бројот на патници во летна сезона во истиот период лани, кога на табановце имало денови и со по 40-тина илјади патници на ден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Османи: Оваа влада нема интерес да го продолжи процесот

Дејан Дејан

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе