Македонија Најважни

Комисијата нема да достави препорака за границите

Комисијата за заразани болести денеска нема да достави препорака до Владата за затварање на граничните премини кон Србија и Косово поради влошувањето на епидемиолошката состојба во овие две држави, дознава Телма.

Според извори во Комисијата ќе се чекаат дополнителни информации и ќе се следи развојот на настаните во наредните неколку дена пред повторно да се одлучува за евентуално затварање на северната граница.

Можноста за повторно спуштање на рампите, доаѓа по само шест дена откако државата ги овори границите за странски државјани. Дневно, во просек, во Макеоднија влегуваат по околу 5000 патници.

Огнене Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД подготвуваат дипломатско, но и воено решение за Иран

Дејан Дејан

Mицкоски: Нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа

Дејан Дејан

Влада усвои нова стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе