Ковид19 Македонија Најважни

15 починати во еден ден – прв случај во затворот Идризово

15 починати во еден ден е највисокиот црн биланс од почетокот на корона кризата во земјава. Новозарзени пак позитивни случаи се 173 во изминатиот ден од направени 1653 тестирања. И повторно Скопје е со најмногу 75 новозаболени, во струга се 14, во Охрид се 10, куманово и тетово се со девет новорегистрирани, во штип има осум, гостивар седум, дебар, прилеп и свети николе по шетсмина, во кочани четворица, велес кавадарци кичево и ресен по тројца и во дел од останатите градови има по еден или два нови случаи.  И денеска е голем бројот на излекувани пациенти и тоа 150. Најголемиот дел се од скопје и тоа 105 мина, по што следуваат тетово и струга со по 12 и 10 оздравени, седум се од штип, петмина од кочани и дел се од останатите градови од земјава.

А прв случај на заразен затвореник се појави во најголемиот затвор во земјава Идризово. Ова за Телма го потврдува директорот Боби Мојсовски кој вели дека ова доаѓа откако 400 затвореници прв пат добиле право на викенд после три месеци забрана. Минатата среда  затвореникот се вратил во Велес од каде е по потекло, а во неделата му се појавиле првите симптоми со покачена температура.

Веднаш му беше земен брис и беше изолиран. Денеска стигнаа позитивните резултати, по што се изолирани и неговите двајца цимери. Работи како чистач рано наутро и има минимум контакти со други затвореници. Секој затвореник кога оди на викенд одсуство потпишува изјава дека ќе ги почитува мерките. Три месеци не ги пуштавме, за тоа што претпоставуваме дека ова ќе се случи, но по прекинот на вонредната состојба и опасноста од бунт мораше да им одобриме викенд одсуство – Боби Мојсовски – директор на КПУ Идризово.

Во затворот Идризово казни отслужуваат 1 200 затвореници, а ова е прв случај на заразен со корона вирусот таму. До сега во земјава во затворските установи имаше неколку изолирани случаи на затвореници но и вработени болни од ковид 19. Во затворот во Шутка постмортем беше утврдено дека еден притвореник бил позитивен на корона, а по еден стражар има во затворот во охрид и штип.

Инаку во денешната статистика влегуваат и двајца вработени во две поголеми фабрики во кавадарци.  Првиот е вработен во Дрекслермаер а вториот во Фени и двете фабрики кои вработуваат илјадници луѓе. Од центарот за јавно здравје во Кавадарци потврдуваат дека двајцата се со позитивни тестови од вчера и дека се со лесна клиничка слика но уверуваат дека нема простор за паника. Вработениот во Фени имал контакти само со тројца вработени и тие се во самоизолација без никакви симптоми. Оној од Дрекслермар работел во помал погон за одржување и сите со кои имал контакти но и оние со кои се превезувал во автобус се сега со решенија за 14 дневен карантин  велат од центарот за јавно здравје. Во дрекслермаер се вработени повеќе од 5 500 луѓе додека во фени околу 1 000.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложените измени на „балансерот“ ги поделија партиите

Дејан Дејан

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Дејан Дејан

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе