Ковид19 Македонија Најважни

15 мртви, највисок црн биланс од почетокот на епидемијата во земјава, само во јуни починал 181 заразен

15 починати во еден ден е највисокиот црн биланс од почетокот на корона кризата во земјава. Осум мртви се од Скопје, по двајца од Тетово и Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар. Сите се на возраст од 45 до 82 години, тројца починале на Инфективната клиника, деветмина во ГОБ „8-ми септември“, еден во болница во Струга, но двајца од заболените починале дома, од Скопје и од Гостивар.

Новозарзени пак позитивни случаи се 173 во изминатиот ден од направени 1.653 тестирања. И повторно Скопје е со најмногу, 75 новозаболени, во Струга се 14, во Охрид се 10, Куманово и Тетово се со девет новорегистрирани, во Штип има осум, Гостивар седум, Дебар, Прилеп и Свети Николе по шестмина, во Кочани четворица, Велес, Кавадарци, Кичево и Ресен по тројца и во дел од останатите градови има по еден или два нови случаи.  И денеска е голем бројот на излекувани пациенти и тоа 150. Најголемиот дел се од Скопје и тоа 105-мина.

Ако се видат бројките од пред само еден месец односно на 1-ви јуни имало само 606 активни случаи и 140 мртви. Сега бројот на мртви е 321. Тоа значи дека во изминатиов месец починале 181 човек, а тоа би било речиси двојно повеќе мртви во споредба со вкупниот број на умрени во претходните три месеци од почетокот на епидемијата. 3.556 пак се во моментов активни случаи а тоа значи дека од пред еден месец е зголемен за шест пати, кога на 1 јуни биле само 606.

А прв случај на заразен затвореник се појави во најголемиот затвор во земјава Идризово. Ова за Телма го потврдува директорот Боби Мојсовски кој вели дека ова доаѓа откако 400 затвореници прв пат добиле право на викенд после три месеци забрана. Минатата среда затвореникот се вратил во Велес од каде е по потекло, а во неделата му се појавиле првите симптоми со покачена температура.

Веднаш му беше земен брис и беше изолиран. Денеска стигнаа позитивните резултати, по што се изолирани и неговите двајца цимери. Работи како чистач рано наутро и има минимум контакти со други затвореници. Секој затвореник кога оди на викенд одсуство потпишува изјава дека ќе ги почитува мерките. Три месеци не ги пуштавме, за тоа што претпоставуваме дека ова ќе се случи, но по прекинот на вонредната состојба и опасноста од бунт мораше да им одобриме викенд одсуство, ни изјави Мојсовски.

Во денешната статистика на заразени влегува и еден вработен во воздухопловната компанија Мнав од каде велат дека е од секторот воздухопловна техника. Тој е веднаш изолиран а во самоизолација завршиле и петмина негови колеги со кои имал контакти.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложените измени на „балансерот“ ги поделија партиите

Дејан Дејан

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Дејан Дејан

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе