Македонија Најважни

Османи: Преговарачка рамка очекуваме до октомври

Европската комисија ја достави предлог-преговарачката рамка за Македонија, која сега треба да го помине филтерот на земјите-членки пред конечно да биде усвоена за земјав да ги започне преговорите. Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, очекува целиот процес на усогласување меѓу земјите да заврши до октомврискиот самит на ЕУ на кој рамката би била усвоена.

Очекувано во рамката за напредок се вметнати копенхашките критериуми, но и регионалнта соработка и добрососедството, при што конкретно се споменати договорите со Грција и Бугарија при што се бара видлив резултати при нивна имплемнтација. За тоа како земјата ќе ги спроведува реформите и ќе се усогласува со европските стандарди и правила преговарачката рамка предвидува и три контролни механизми суспензивната клаузула, клаузулата за дисбаланс и клаузулата за реверзибилност. Со нив доколку земјата не напредува или назадува, Унијата ќе може да ги стопира преговорите, да ги врати назада, па дури и да отовори некои затворени поглавја или кластери.

Прв ќе се отвори кластерот фундаменти, каде покрај поглавја 23 и 24 сега се додадени економските критериуми, јавните набавки, функционалност на демократските институции и реформата на јавната администрацији, ќе отвори прв, а ќе се затвори последен. Од напредокот напредокот на овој калстер ќе зависат и преговороте во другите калстери. Рамката предвидува и дека ниту еден клатсер нема да се затвори доколку не се спроведе и антикорупци критериуми поврзани со тоа поглавје.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложените измени на „балансерот“ ги поделија партиите

Дејан Дејан

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Дејан Дејан

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе