Македонија

Нов случај на КОВИД-19 во Малешевијата

Берово повторно се најде на листата на градови зафатени со корнавирусот, откако Министерството за здравство денеска објави дека во оваа општина е регистриран нов случај.

Од општината велат дека продолжуваат и понатаму да ги следат препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, бидејќи тоа е од клучно значење вирусот да не зафати поголем опсег од населението.

И покрај тоа што Берово е туристички град, надлежните институции уверуваат дека и угостителите и сопствениците на сместувачките капацитети, доследно ги почитуваат мерките, што влева надеж дека појавата на заразата од КОВИД-19 ќе биде сведена на минимална бројка, како што е моментално со само еден активен случај.

Покрај денешниот случај во Берово, уште тројца пациенти од Пехчево имаат позитивен наод на коронавирус

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложените измени на „балансерот“ ги поделија партиите

Дејан Дејан

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Дејан Дејан

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе