Ковид19 Македонија Најважни

Епидемиолозите утре одлучуваат дали државата ќе ги затвори границите со Србија и Косово

Ќе се спуштат ли повторно рампите за српските и косовските државјани? Здравствените власти утре ќе пресечат дали сосојбата со Ковид во Србија и Косово, наложува одново затворање на границите. На потег се епидемиолозите –  треба да проценат дали бројот на заразени и во двете држави носи нова закана од ширење на епидемијата со корона-вирусот. Се чекаат официјални податоци за бројот на заразени во јужна Србија, кои ќе бидат клучни за одлуката за воведување нов режим.

Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји. Комисијата  активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија, тврди министерството за здравство.

Министерот за надворешни работи, Димитров , потенцира дека одлуката за евентулано затворање на границите, нема да биде политичка. Нема политика ниту во тоа што Макеонија не се најде на листата што ја креираше ЕУ, за земји чии државјани од 1ви јули ќе можат да влезат во унијата.

Во меѓувреме, корона-кризата сериозно ескалираше во Србија. Според најновите информациии, за последните 24 часа во државата има 359 нови случаи, а дури 80% од новозаразените се токму од Белград. починале 6мина, а на респиратори се приклучени нови 80 пациенти. Претседателот на државата, Александар Вучиќ, на препорака на кризниот штаб вечерва ќе соопшти дали Белград оди под карантин. Српските медиуми веќе пишуваат дека Вуќич ќе прогласи целосно затворање на главниот град, а  дека одлуката ќе ја соопшти во вечерашното гостување на дневникот на националната радиотелевизија.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложените измени на „балансерот“ ги поделија партиите

Дејан Дејан

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Дејан Дејан

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе