Македонија

Ременски и Боки 13 бараат Русковска да не им биде обвинител во нивниот случај  

Обвинителката Вилма Русковска да биде изземена од случајот за Меѓународниот сојуз.

Уште рано утрово вакво барање до државниот обвинител Љубомир Јовески поднесе пратеничката Фросина Ременски, која е една од обвинетите во предметот кој го оформи токму Русковска.

Меѓу дел од причините го наведе претресот во нејзиниот дом направен без нејзино присуство, но и  дека русковска влијаела врз истражители во МВР.

На барањето за изземање се приклучи и Бојан Јовановски кој во судница рече дека токму Русковска барала од него да ја наклевети Ременски.

За неговиот адвокат има две спорни работи, тоа што ова обвинение не споено со претходниот случај Рекет, но и што судијката Софче Гаврилова Ефремова беше дел од судечкиот совет во тој предмет.

Обвинителката за тоа дека се бара нејзино изземање дознала на минута пред стартот на процесот. Убедува дека работи непристрасно.

Денеска требаше да стартува судењето за случајот поврзан со невладината организација на Боки 13, Меѓународен сојуз.

Петмина се осомничени меѓу кои и татко му на Бојан, Миле Јовановски и двете соработнички Јасна Ерцеговиќ и Кристина Блажевска.

Осомничени се за измама и а дел и за перење пари преку невладината. Убедувале бизнисмени дека ќе реализираат проект за старечки домови, а за возврат на сметката на здружението легнувале стотици илјади евра.

Истрагата беше отворена по онаа за рекет, процес во кој Боки 13 има веќа неправосилна пресуда од 9 години затвор.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Eспресо во Скопје 150 денари, во Софија две евра – работниците „бегаат“ во Хрватска и Словенија поради ниските плати во угостителството и туризмот

Дејан Дејан

Мицкоски: Македонскиот идентитет се брише од извештајот на талибански начин

Дејан Дејан

Ковачев: Постигната согласност да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе