Македонија

Препораките контра реалноста во изборната кампања и партиските каравани

Здравјето на граѓаните ни е врвен приоритет. Ова реченица илјадници пати изговорена од политичарите полека станува флоскула откако стартуваше кампањата за предвремените избори и партиските карвавани почнаа да крстосуваат низ државата.

Граѓаните сакаат да се сретнат со политичарите, да се поздрават со нив и да разговараат. Политичарите пак од една страна се придржуваат до препораките но близината и контактот не можат да ги избегнат.
Групирање, поздравување, прегрнување и ракување, неносење на маски, неодржување на дистанцата се почесто може да се забележи на партиските собири и трибини.

Импровизираната седница на Влада која ја одржа ДУИ  ја следеа голем број на партиски функционери, членови и активисти.

Дистанца имаше само кај оние кои беа на столчињата пред Владата. Во ладовината сликата беше друга.

Оваа слика е од митингот на Алијанса за Албанците кој се одржа во четвртокот во Тетово.

Готовите инсерти кои партиите ги дистрибуираат до медиумите се идилични.

За министерот за здравство, Венко Филипче, принципите се јасни и сите треба да се придржуваат.

Конкретно дали е задоволен од тоа што го гледа на терен во кампањите не одговори.

Премиериот Спасовски денеска го посети училиштетот „Браѓа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари и ги запази протоколите.

Сепак тој не даде конкретна оценка за тоа колку се почитуваат препоркаите и колкуи се безбедни партиските митинзи и каравани.

Во кампањите почнаа да се користат и пропустите на партиските лидери и функционери па така на тапет се најдоа лидерот Мицкоски кој се ракуваше со граѓани а потоа посегна по храна и министерот Чулев кој беше уловен без заштитна маска во Кочани.

Дали и колку ќе влијае на дисциплина фактот што дузина политичари од повеќе партии уште пред стартот на кампањата заболеа од вирусот, беа или се во изолација, останува да видиме.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе